Познатата манекенка позираше со својата двомесечна ќерка, а сè уште не го откри името на бебето.
Американската манекенка Џиџи Хадид (25) роди девојче во септември оваа година, а сега ги објави првите фотографии со бебето на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, на почетокот на пандемијата на вирусот корона, убавицата остана бремена со своето долгогодишно момче Зејн Малик (27), а сега гордата мајка објави фотографии кои покажуваат дека ужива во мајчинството и е многу среќна.
Таа сега позираше со нејзината двомесечна ќерка која и лежи на градите.
На втората објава таа направи селфи со девојчето, но не го откри лицето на својата ќерка, па собра скоро 15 милиони лајкови на двете објави, како и безброј позитивни коментари.
„Најубавата мама“, „Ти си убава“, „Едвај чекам да те видам во живо“, „Среќно за новите родители“, беа само дел од коментарите на нејзините пријатели и следбеници на Инстаграм.