Популарната пејачка Никол Шерцингер, отсекгаш беше препознатлива по својата долга, црна коса, која што се усогласуваше со нејзиниот темен тен, а сега сите ги изненадила со својата голема промена.
Таа одлучила да експериментира со својот изглед и направила драстична промена, па ги изненадила сите со својата нова фризура – кратка, руса коса.
Таа објавила неколку фотографии на кои што позира со својата нова фризура, а мислењето на следбениците и обожавателите е поделено.
Некои биле воодушевени од нејзиниот нов изглед, а други пак се согласиле дека претходно изгледала многу подобро.