Вера Дијкманс, 22-годишна девојка од Холандија, со провокативните фотографии на на својот Инстаграм профил го привлекува вниманието на милион луѓе. Младата манекенка умее да собере и по 50 брачни понуди на ден само на сметка на својот изглед, а како што објаснила за странските медиуми – тоа воопшто не ѝ била идејата.
Имено, после неколку лошо платени објави, фотографите кои наишле на неа ја советувале да се занимава со моделинг. Таа очигледно ги послушала, па така почнала да заработува, но луѓето шпекулираат и дека има некој кој ја финансира.
„Ме иритира што луѓето мислат дека имам некое богато момче кое ми ги плаќа патувањата и забавите. Сама заработувам пари“, рекла во една прилика таа.