Македонската водителка и инфлуенсерка, Миа Костова е позната како голем поддржувач на естетската корекција и секогаш јавно кажува какви промени направила на своето тело и лице.
Таа неодамна го победи коронавирусот и по 20-дневна изолација повторно стана активна на социјалните мрежи.
Миа има вградено импланти во градите, а сега објави и фотографија на која се гледа промената на лицето пред и после ставање на ботокс на усните и лицето.
„Ботокс и хијалуронска уста со осет. Зошто да не во 21 век? Не е измислена крема која ќе го бутне ботоксот“, напиша Миа во опис на фотографијата.