Џоди Харисон Бауер е фитнес шампионка и најстариот модел за костими за капење, а таа со своето извајано тело веќе со години го интригира светот.
Оваа 59-годишна дама има завидна фигура благодарение на постојаното вежбање, а неодамна истакнала дека ѝ недостасува теретаната и смета дека е неопходно тие да се отворат што поскоро за луѓето психички да се чувствуваат подобро.
Џоди, која води фитнес центар, тврди дека теретаните се драгоцени за менталното здравје на луѓето, а вежбањето би им помогнало полесно да ја пребродат оваа криза.
“Еве мала мотивација за вас. Ќе наполнам 60 години за неколку месеци. Ова го објавувам за да ве мотивирам, инспирирам и охрабрам. Ако го можам ова, го можете и вие. Потребно ви е многу дисциплина, мотивација и волја”, напишала Бауер неодамна на својот Инстаграм профил, покрај фотографијата на која позира во минијатурно црно бикини.