Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ по кратка пауза се врати на снимањето на шоуто „Ѕвезде Гранда“, во сиот негов сјај.
Цеца од оправдани причини отсуствуваше на неколку снимања, а во 2022 година влезе грандиозно – во бел визон.
Зимата не ја вознемири фолк ѕвездата, која дојде во „полна опрема“. Долгата јакна и рамните бели чизми одлично и прилегаа, а фановите на Цеца секако најмногу внимание посветија на големата чанта што ја носеше, од најновата колекција на брендот „Фенди“.
Цеца во студиото влезе насмеана и расположена, а каков стајлинг подготви за самото снимање останува да видиме.