Веќе подолг период се шпекулираше која е новата девојка на нашиот поранешен кошаркар Перо Антиќ. Се проширија гласини и дека е во емотивна врска со познатата фолк-пејачка Цеца Ражнатовиќ, кои тој веднаш ги демантираше преку медиумите.
Иако ретко сака да зборува за приватниот живот, нашиот поранешен кошаркар и сегашен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, одлучи да открие дека е во врска со Сања Ристиќ, инфлуенсерка која работи како и како менаџер во семејна компанија, а ја паметиме и по детскиот хит „Ех, тој Тоше“.
Имено, Сања на својот инстаграм-профил објави заедничка фотографија на која двајцата носат новогодишни, црвени пижами со мече и зимски капи.
„Ноќно возење во пижами“, пишува на фотографијата што ја објави Сања, а сподели Антиќ.