Доаѓа летото, а тоа значи дека е време да се започне со физички активности и да се „стегнете“. Па така и пејачката Џесика Палашоска реши да не губи време и седејќи дома започна да си вежба. Но, не само тоа, туку и нас другите нè охрабри велејќи кога таа може дека и ние би можеле со оглед на тоа што таа е мрзелива личност.
Јас само што го завршив првото вежбање дома. Луѓето кои ме познаваат, знаат дека сум најмрзеливата личност за фитнес вежби, особено без мојот личен тренер. Значи, ако јас можам да го правам тоа можете и вие. Сите ние можеме да го направиме. Многу вежби за вежбање дома можете на најдете на „Гугл“. Бидете безбедни и останете дома, напиша пејачката на нејзините социјални мрежи.
Инаку пред некоја година таа стана заштитно лице на шведскиот бренд за спортска облека.