(ФОТО) Панчо со емотивен статус: Јас сум среќен и го исполнив ветеното, но ја немам неа

Македонскиот хип-хоп изведувач Владимир Блажев познат како Панчо од групата „ДНК“ на својот Фејсбук профил сподели емотивна порака посветена на неговата мајка која ја загуби пред 6 години.

Тој секогаш јавно кажуваше дека е многу поврзан со својата мајка и дека таа му е најголемата поддршка во се што прави.

– Кога имав околу дванаестина години, и реков на мајка ми дека кога ќе пораснам ќе купам убава кола за мене и за неа за да не се срамиме дека имаме фиќо. И кажав дека ќе купиме и поголем стан и дека ќе заработам доволно за она да не мора повеќе да се мачи и работи туку да ужива во годините на старост. Ме погледна, ми кажа дека одсекогаш верувала во мене и дека не и значи ништо од тоа што сум и набројал туку само да сум среќен и исполнет во животот и тоа што го правам. Фала му на бога јас сум среќен и го исполнив ветеното ама ја немам неа, а тоа е најголемиот пораз и загуба кои ниедни пари не можат да го вратат назад. Сакај ги своите родители, животот е краток и непредвидлив, напиша Панчо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e