По две полуфинални вечери, беа избрани дваесет натпреварувачи кои настапуваа во финалето. Најголем број бодови од жирито доби атрактивното женско трио и ја однесе победата.
Србија на Евросонг ќе ја претставува женскиот бенд Hurricane. Песната со која ќе настапат во Ротердам се вика Hasta la vista.
Групата во ноември 2017. година ја основале Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ од Србија, следејќи ја својата љубов кон R&B и поп звукот и планирајќи дека би можеле да остварат интернационална кариера.
Сања Вучиќ веќе ја претставувала Србија на Евросонг 2016. година, а тогаш српските медиуми се распишувале за скандалот кој, наводно, го предизвикала. Имено, „The Sun“ тогаш објавил дека Сања се обидела да го заведе британскиот претставник Џо Волфорд и дека се обидела да го наговори да оди во нејзината хотелска соба.
Ксенија Кнежевиќ е ќерка на познатиот пејач Ненад Кнежевиќ Кнез, а на Беовизија се обидела во 2013. година како седумнаесетгодишна. Настапила со пријателките Анѓела Вујовиќ и Дана Гашиќ, но не постигнале голем успех. Таа е четири години во среќна врска а името на својот избраник не го открива.
Ивана Николиќ во средина на медиумското внимание заврши минатиот февруари, кога на социјалните мрежи објави фотогравија со Џони Деп, кој тогаш престојувал во Белград.