Некогашната Мис Универзум, Оливија Кулпо редовно споделува провокативни фотографии.
Така таа неодамна позирала во бела туника со кафеав ремен околу половината и чанта со иста нијанса, а на сето тоа додала и темнокафеави влечки кои ги носела на нозете.
Но, интересно е тоа што оваа креација која што ја носела од страните имала големи шлицови кои што откривале многу повеќе отколку што сокривале, па нејзините следбеници се запрашале „дали таа воопшто носи долна облека“.
Дури и самата манекенка се пошегувала на своја сметка, па во описот на фотографијата напишала: „Ги барам своите панталони“.
Оливија за својата фотографија собрала речиси 100 илјади лајкови и многубројни коментари.