(ФОТО) Ненадејно почина 36-годишна бремена инфлуенсерка

Инфлуенсерката Емили Мичел (36), која беше бремена со своето петто дете, почина ненадејно три дена пред Божиќ, потврди нејзиното семејство.

Блогерката која го водеше Инстаграм профилот „Hidden Way“, почина за време на појадок, пренесуваат светските медиуми. Обидите да се спасат неа и детето беа неуспешни, а лекарите сè уште не ја утврдиле причината за смртта.
„Нашите срца се скршени и толку многу ќе ни недостасува нејзиното присуство. Ем имаше големо влијание врз животот на многу луѓе и таа загуба е несфатлива за секој што ја познаваше. Нашата пријателка беше посветена мајка и сопруга и многу ги сакаше своите деца“, стои на страницата „GoFundMe“ каде се собираат средства за нејзиниот погреб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e