Младата британска моделка Деми Роуз е една од најпознатите млади девојки во светот, која се прослави не поради висината и слабата фигура туку поради раскошните облини. Градите и задникот тешко ги сокрива со облеката, а сега сите ги остави без здив со својот нов необичен аутфит.
Имено, Деми Роуз позирала покрај морето, а најинтимните делови од градите ги сокрила со школки. Едвај се гледаат гаќите во боја на кожа, а телото го украсила со необичен детаљ направен од монистра.
На Инстаграм ја следат 20 милиони верни фанови, а нејзиното појавување на плажите секогаш ги привлекува објективите на папараците.