Кога нема гламурозни настани, тогаш на површина излегува и помалку гламурозното лице на жителите на Холивуд.
Познатите актерки, пејачи и пејачки, старлети имаат „цела армија“ од професионалци кои внимаваат за секој детал кога се на црвениот тепих. Но, кога тоа го нема, може да се види нивното поинакво лице, кое често не е толку гламурозно како она за пред камерите.
Некои од нив кога излегуваат сепак внимаваат на својот изглед, да не се разликува многу од јавниот, но други пак не сакаат да се мачат, па во ова време на криза одат во маркет и купуваат основни намирници исто како и обичните смртници.
„Папараците“ неодамна ја „фатија“ познатата актерка Сара Цесика Паркер со мрсна коса, без шминка и облечена во секојдневна гардероба, како оди да купи храна за своето семејство, а изгледа ѕвездата од „Сексот и градот“ воопшто не се вознемирила.