Популарната пејачка Наташа Беквалац во ноќта меѓу 2 и 3 септември после долго време имаше настап во Белград, а со својот изглед ги стана сите на нозе.
Убавата Беквалац се среди од глава до пети, а провокативната комбинација во прв план го истакна нејзиниот сексапил, па доби многу комплименти.
Пејачката беше во црно трико, кое ги нагласи нејзините линии на телото, а носеше и мрежести чорапи во боја на кожа со црна линија, а посебен печат на изгледот даваа ракавиците до рамена.
Сите ја забележаа заводливата фигура на Наташа и долгите нозе, а со својот изглед ги мамеше воздишките на присутните, кои не можеа да го тргнат погледот од нејзиното тело.