Јелена Карлеуша одржа спектакуларен настап во Дубаи, по што остана да се одмори во споменатото луксузно летувалиште.
Поп ѕвездата го користи секој момент за да се опушти и одмори, но и во тие прилики е стилизирана од глава до пети.
Јелена претходните денови остави без здив многумина со своите модни комбинации, а сега со својата најнова објава уште еднаш покажа со колкав стил поседува.
Имено, таа за едно вечерно излегување во Дубаи избра црн фустан кој повеќе откри отколку што покрива, но и ги истакна сите нејзини атрибути.
Нејзините голи рамена, изразеното деколте, непокриениот струк, но и долгите нозе, кои најдобро се гледаа низ шлицот на фустанот кога ќе стапне, ги маѓепсаа нејзините придружнички.
„Совршено“, „Бомба и овој пат“, „Колку си згодна“, „Убиец долги нозе“, „Божица“, „Фустанот ти стои одлично, секој дел“, се само дел од коментарите под објавата.