Модната катастрофа на Џорџина Родригез го изненади светот, поради тоа што навикнати сме секогаш да ја гледаме во беспрекорни модни комбинации.
Малкумина од жените кои што ги диктираат трендовите во модата очекувале ваков дебакл од убавицата.
Нема сомнеж дека Џорџина околу себе има многу луѓе кои се грижат за нејзиниот изглед, па и за стајлингот, но ова што го виделе сега од неа, сите ги изненадило – во негативна смисла.
Вереницата на Кристијано Роналдо на себе имала фустан-мантил од еден светски познат бренд, инаку омилен меѓу светските џет-сет ѕвезди.
Целиот тој фустан е избрендиран, а на цела таа комбинација таа додала црвена чанта, како и чевли во истата боја.
Многумина ја забележале нејзината неуредна коса. Очигледно дека фризерите „не ѝ ја погодиле“.