Нашата позната инфлуенсерка и водителка на забавниот магазин „Бекстејџ“, како и сите останати деновите ги минува дома. На Инстаграм редовно споделува видеа со здрави рецепти, а сега на Фејсбук сподели како се дотера за по дома.
И овој пат блеска, се согласија фановите.
„Карантински денови посветени на себе. Се чуствувам како во турска серија кога сум вака дотерана по дома. Накитот е #calvinklein , Bozinovski watches & jewelry може да ви го спакуваат и да ви го пратат, ако и вас ви е зорт да сте убави по дома. Седете дома„“ – напиша Миа.