Една од најпознатите пејачки на Балканот, Марија Шерифовиќ веќе долги години ја препознаваме по нејзината кратка и речиси секогаш средена коса.
Но, овојпат таа ги изненади своите обожаватели на социјалните мрежи, бидејќи по подолго време, Марија ја „пушти“ косата повеќе од што бевме навикнати да ја гледаме.
Шерифовиќ на својот профил на Инстаграм сподели фотографија на која позира со нејзиниот миленик, но многумина од нејзините следбеници ја забележаа и ја пофалија новата фризура.