Манекенката од ангелите на Викторија, Алексина Грејам (30) на Инстаграм сподели вест дека била хоспитализирана откако и се појавиле тешки симптоми од вирусот Ковид-19.
Таа објави фотографија од болничкиот кревет на кој лежи со маска на лице и ги опиша симптомите кои ги имала.
-Повеќе пати дневно повраќав. Се појави висока висока температура, а на телото ме лазеа „морници“. Не можев да зборувам нормално, ниту нормално да дишам. Белите дробови не ми го дозволуваа тоа, а грлото ми беше затворено, напиша манекенката која додава дека сама не можела да оди никад.
Таа им порача на сите сериозно да ги сфатат мерките на надлежните , да се изолираат и останат дома додека не помине пандемијата.