Поп ѕвездата Јелена Карлеуша секоја година ги радува своите следбеници со новогодишната атмосфера во својот дом, а тоа го направи и овој пат.
Имено, Карлеуша на својот Инстаграм профил објави видео во кое покажа како ја украсила куќата по повод претстојните празници.
Сè во нејзиниот дом е како вистинска магија. Новогодишната елка ја украсила со разни украси, мечки, ирваси, а деталите се во боите на златна, сребрена, но и розово злато.
На сето тоа пејачката стави ефект со снегулки и ја комплетираше магичната атмосфера.
„Сè е толку магично“, „Ова е како рај“, „Секогаш со стил“, „Рај за очи“, „Навистина е прекрасно“, „Секој дел, прекрасно е“, се дел од коментарите под нејзината објава.