На денешен ден пред три години Луна Џогани и Марко Миљковиќ влегоа во љубовна врска.
Имено, тие двајца слават трета годишнина, а по тој повод се огласија победничката на „Задруга 2“ и нејзиниот сопруг Марко.
– Само што станав да му кажам дека го сакам најмногу на светот. И се сети на се од првиот ден до денес… Се сеќавам на таа вечер како да беше вчера, јас и ти, нашиот ќебап… Те сакам – напиша Луна во описот на фотографијата на која го гушка Марко и додаден емотикон со црвено срце.
Марко се присети и на денешниот ден кој го означува почетокот на нивната љубовна магија која ја крунисаа со брак, а потоа ја добија и ќерката Миа.
– Верував во нас од првиот ден – напиша Миљковиќ во својата објава на Инстаграм.