Македонската ТВ водителка, Лила Филиповска поради фотосесија се појави во Градскиот парк облечена во долг црвен, свечен фустан.
Лила како и секогаш така и овојпат привлече огромно внимание, па тамошното искуство го сподели на својот Инстаграм профил.
„Малку е да кажам дека вчера луѓето во парк ме гледаа како вонземјанин. Замислете сцена сите во спортски аутфит, кој трча, кој пешачи, кој одмора, а јас во долг фустан и потпетици…
И секако имаше коментари ‘кај тргнала оваа’ ‘е баш е кул , ‘ајде да се сликаме’ ‘ ајде да трчаме, што би рекол Владо Јаневски “луѓе се нек си прозборат”. Како и да е со „@rolladobolla“ направивме слики какви што змислувавме, а кој сака нека проба, а фустанов е од новата колекција на „Елена Лука““ – напиша Лила во описот на Фотографиите.