Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг, бизнисмен и поранешен тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, неодамна прославија 30 години брак, а таа сега со сите сподели фотографии од патувањето.
На фотките кои ги споделила на Инстаграм гледаме дека ужива со Боба и тоа без грам шминка на себе.
Брена и Боба добиле комплименти на сметка на својот изглед, па им порачале дека „знаат да живеат“.
„Љубовта не мора да биде совршена, туку искрена“ – напишала Брена во објавата.