(ФОТО) Која е Џил Бајден – новата прва дама на САД?

Демократскиот кандидат Џо Бајден стана 46-от претседател на САД, објавија американските медиуми. Очите на светот сега се насочени кон Џил Бајден, сопругата на Џо Бајден и новата прва дама на Америка. Што треба да знаете за професорката од Универзитетот во Вирџинија?

Џил Бајден е родена во 1951 година во Њу Џерси, како најстара од петте сестри.

Израснала во предградијата на Филаделфија, а пред да се омажи за Џо Бајден (77) во 1977 година, таа била во брак со Бил Стивенсон, кој во јавноста е познат како поранешен универзитетски фудбалер, од 1970 до 1975 година.
Таа откри дека нејзиниот сопруг ја молел пет пати пред да му каже „да“, пишува „Ивнинг Стандард“.

Џил, која ја започна својата кариера како наставник, рече дека е доживотен предавач. „Предавањето не е тоа што јас го работам, тоа сум јас“, напиша таа на Твитер пред конвенцијата на Демократската партија, како дел од претседателската кампања.

Џил Бајден има две магистратури и докторат, кои ги бранеше во 2007 година на Универзитетот во Делавер.
Таа е еден од најважните политички советници на нејзиниот сопруг и, се разбира, негов советник при донесување лични одлуки. Таа беше скептична во врска со неговата кандидатура за претседателските избори во 1988 година, но го поддржа во изборната трка во 2008 година.

Таа беше прва сопруга на потпретседател на Америка, која продолжи со платена работа. Намерата е – ако стане прва дама, нема да се откаже од работата како професор. На овој начин тој може да ја модернизира оваа улога.

jill

Во една прилика изјавила дека никој не очекувал дека ќе ја задржи работата откако нејзиниот сопруг ја презеде функцијата потпретседател и дека осум години била растргната меѓу обврските на факултетот и во политиката.
Џил Бајден и поранешната прва дама Мишел Обама ја основаа иницијативата „Здружување на силите“, која им помага на воените ветерани и нивните семејства. Пред осум години, таа ја објави книгата „Не заборавај, Господ нека ги благослови нашите војници“ заснована врз искуството на нејзината внука која порасна во воено семејство.

Првата сопруга на Џо Бајден, Нелија Хантер, со која се оженил во 1966 година, починала во сообраќајна несреќа во 1972 година, во која загина и нивната едногодишна ќерка Наоми. Во првиот брак, политичарот имал и два сина, Хантер и Бо, кои биле сериозно повредени во несреќата.

Најстариот, Џозеф Бо Бајден, почина во 2015 година од рак на мозок. Joо и Џил вчера го посетија неговиот гроб.

Парот Бајден ја има ќерката Ешли Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e