Пејачката и клавијатуристот од фолк-групата „Соната“, Катерина Брезева и Трајче Бондиков пред извесно време се венчаа, после 18 години врска, а еден месец после тоа ја добија и ќерката Ана.
Малата Ана уште сега покажува љубов кон професијата на своите родители. На својот Фејсбук профил тие споделија фотографија од неа со микрофон во рацете.