Откако Ким Кардашијан објави постаро видео на кое е стегната во корсет и струкот ѝ изгледа претесно, фановите беа бесни на неа. Видеото е направено кога се подготвувала за настанот Мет Гала во Лондон.
Нивните коментари беа дека струкот ѝ изгледа неприродно и застрашувачки и ја прашуваа каде ѝ се ребрата.
По огромната доза критики, Ким сега објави фотки во долна облека, на кои ја промовира својата колекција, но и го прикажува својот тенок струк во поприродно издание.