(ФОТО) Кендал Џенер како од мајка родена, позира целосно гола

Манекенката Кендал Џенер објавила гола фотографија на Инстаграм, а многу корисници на оваа мрежа го довеле во прашање критериумот за Инстаграм цензура и неговите насоки за однесување.

Џенер споделила професионални фотографии направени за магазинот „i-D“, на кои се гледа како позира во низа провокативни комбинации како костим за капење, долга јакна, панталони и мини здолниште.


View this post on Instagram

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

На една од фотографиите која може да ја видите во албумот од професионални фотографии направени за магазинот „i-D“, Кендал е целосно гола, што предизвика бројни реакции кај Инстаграм корисниците. Тие сметаат дека не е во ред таа да може да објавува фотографии без цензура, додека други корисници не можат бидејќи не се придржуваат до правилата на социјалната мрежа.

„Зошто познатите личности можат да ги кршат правилата, а останатите не?“, „Се чини дека само нејзе ѝ е дозволено да објавува фотографии на кои е целосно гола“, „Ова е повеќе порнографија отколку манекенство“, гласат коментарите под фотографијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e