Кети Пери се породи и на овој свет донесе девојче. Таа на својата ќерка и го даде името Дејзи Дав.
Пејачката емотивната фотографија ја сподели на социјалните мрежи, а ова е нејзиното прво дете со актерот Орландо Блум.
Инаку името Дејзи во превод значи бела рада, додека другото има значи гулабица. Следуваа бројни честитки под фотографијата на социјалните мрежи.
Инаку, странските медиуми неодамна објавија дека среќната двојка организирала венчавка и речиси се било подготвено за да го изговорат своето судбоносно „да“, но поради моменталната ситуација и паниката во светот поради епидемијата на коронавирусот одлучија венчавката да ја одложат за некое друго, побезбедно време.
„Се беше подготвено за венчавка, 150 гости беа повикани во Јапонија на венчавка. Кети беше страшно возбудена поради сето тоа, посебно кога дозна дека е бремена, но сега се е откажано за некое подобро време“, изјави пред неколку месеци извор близок до двојката.