„Лебдиме од љубов и зачуденост од безбедното и здраво доаѓање на овој свет на нашата ќерка“, напишаа 35-годишната Пери и 43-годишниот Блум.
Двајцата споделија дека породувањето на Пери било лесно и нагласија дека се благодарни што имале такво искуство.
„Заедниците ширум светот уште се соочуваат со недостиг на здравствени работници и на секои 11 секунди умира една брмена жена или новороденче, најчесто од причини кои можеле медицински да се спречат. Со доаѓањето на COVID-19 уште повеќе животи на новороденчиња се во ризик поради влошениот пристап до вода, сапун, вакцини и лекови кои спречуваат болести. Како родители на новороденче, ова ни ги крши срцата и повеќе од кога било изразуваме емпатија со родителите кои се соочуваат со вакви проблеми“, рекоа Пери и Блум.
Со надеж дека секоја идна мајка ќе има пристап до стручна лекарска помош и квалитетно здравство, Блум и Пери ги повикаа нивните фанови да донираат за каузите на добротворната организација.
Дејзи Дав е прво дете за Пери и второ за Блум, кој веќе го има девет и полгодишниот син Флин од бракот со Миранда Кер.
Двојката почна да се забавува во јануари 2016 и се сврши во февруари, 2019 година.