Поради корона пандемијата на естрадата и се „врзани рацете“, меѓутоа некои естрадни ѕвезди, меѓу кои се истакнува белградската „скандал дама“, публиката секојдневно ја оставаат со очи ширум отворени… Зашто и кога ништо не прави, Јелена Карлеуша е интересна за публиката, медиумите, јавноста…
Овој пат нејзината провокација достигна брутални размери… Пејачката одново ја разбранува јавноста, па некому му ја отвори устата полна со нов материјал за озборување и коментари, некому му ја затвори, ама на сите им ги „ококори очите“ со најновите фотографии од карантинот.
Токму затоа, покрај сета возбуда, блудни мисли, валкани мечти и воздишки, некои запрашаа: „Дали тоа Карлеуша се’ уште е во карантин или се подготвува за снимање на „порно филм“?