Јелена Карлеуша не престанува да ги воодушевува своите бројни обожаватели преку социјалните мрежи, а во последните неколку дена познатата пејачка им овозможи вистинско визуелно задоволство.
Карлеуша деновиве го направи интересен својот престојот во изолација – таа им го откри својот гардеробер на многумина и направи модна писта од нејзиниот луксузен двор. Имено, најпопуларната пејачка во регионот ги почести своите обожаватели со нови карантински фотографии, а еве и зошто нејзините нови стајлинзи овој пат се на самиот врв меѓу најпосакуваните.
Деталот што особено им се допадна на нејзините обожаватели беше апликацијата со доларите и тесното трико што го носеше. Целата комбинација беше зачинета со фризура на Мерлин Монро и стилски потпетици кои совршено се вклопуваат во овој елемент.