(ФОТО) Кардашијанс подготвени за нов „земјотрес“ во шоу-бизнисот

Познатите сестри се враќаат на телевизија во нов формат што допрва ќе биде детално објаснет на јавноста.

Семејството Кардашијан-Џенер планира да сними меѓународна видео содржина што ќе се емитува на телевизијата Хулу во САД и преку Стар во странство.

Веста за новиот бизнис беше објавена во четвртокот во соопштението за печатот на телевизијата „Хулу“, чија матична компанија е Дизни.


View this post on Instagram

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)

Во претстојната видео содржина ќе биде вклучен женскиот дел од ова семејство – мама Крис, ќерките Кортни, Ким, Клои, Кендал и Кајли, но природата на оваа стриминг платформа и видео ќе биде објавена во иднина.

Веста за зделката доаѓа откако семејството откри дека нивното реално шоу „Keeping Up With The Kardashians“ ќе заврши на почетокот на 2021 година по 20 сезони, наведувајќи ја „желбата да се живее живот без камери“ како причина за прекинување на снимањето на популарното реално шоу.

– Тоа ќе биде одличен нов почеток – напишаа пријателите со еден куп честитки на Инстаграм, додека овој пост им се допадна на над 200 000 луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e