Пејачката Калиопи Букле во својата последна објава на Инстаграм и прати порака на короната. Имено, пејачката позира во невидено издание досега, поточно со цигара во рака, а на вирусот му го порача следново:
„Почитувана госпоѓа Корона, те молам оди си од нашите животи“, напиша пејачката со желба што побрзо да заврши оваа нованастаната ситуација која ни го промени животот.
Под објавата се нижеа позитивни коментари на сметка на пејачката, некои истаканаа дека секогаш е позитивна, други и оставија срце, а трети прокоментираа дека е вистинска „фраерка“.