(ФОТО) Како изгледа првата дама на Франција во костим за капење?

Претседателот Емануел Макрон во моментот летува на остров на југот од Франција со саканата сопруга Брижит Макрон. Претседателот на Франција и 24 години постарата прва дама го искористија слободното време со цел во целост да се опуштат, да се сончаат и да уживаат во морето.


Иако се обидуваа да се сокријат од љубопитните, тие не успеаа да се сокријат од фотографите кои ги сликаа на бродот во костими за капење.

Секогаш префинетата сопруга на првиот човек на Франција не ја пропушта прилика да остави впечаток и на плажа, што успешно и појде од рака и со изборот на елегантен костим за капење кој нема рок на траење. Претседателот не го оттргнуваше погледот од сопругата, а на освежување одеше на џет-скии.


Бржит одбра темносин едноделен костим за капење со минималистички дизајн кој го открива грбот. А дека претседателскиот пар на годишниот одмор ужива со полни гради, потврдија и нивните насмевки кои постојано беа на нивното лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e