Актерката Мила Јововиќ (44) често се наоѓа на листата на најубави жени на светот, меѓутоа со последните фотографии на Инстаграм предизвикала лавина на негативни коментари.
Таа нема проблем да ги сподели со следбениците и најопуштените мигови од својот живот, како и ситуациите во кои нема ни грам шминка.
Токму поради тоа се нашла на удар на критики. Меѓу нејзините обожаватели настанала општа расправија дали актерката е еднакво убава и кога не е во гламурозен фустан и со професионална шминка.
Додека едни тврдат дека воопшто не личи на онаа убавица од црвениот тепих, други ја бранат тврдејќи дека тоа е до лошото осветлување, како и дека не гледаат драстична разлика во изгледот.
„Не се очекува од жената секогаш да биде тип-топ средена. Ништо не ѝ недостига“, заклучил еден нејзин обожавател.
Што мислите вие? Дали актерката изгледа потполно поинакво со и без шминка?