Најмладата милијардерка на светот и старлетата Кајли Џенер на социјалната мрежа Инстаграм објави нови секси фотографии на кои го истакна своето занесно тело.
Имено, познатата ријалити sвезда позираше во сино минијатурно бикини пред својата нова вила на Холмби Хилс, која ја купи минатата година за 36 милиони долари.
Кајли го запали интернетот со нови фотографии на кои ги истакна бујните гради, а минијатурното бикини едвај ги покриваше.
На фотографиите ги истакна волшебните облини и многу тесниот струк, па ги воодушеви обожавателите на Инстаграм, каде неодамна ја следат 214 милиони следбеници.
Старлетата повторно има речиси кафеава коса, а кога на новите фотографии го истакна раскошното тело, сакаше да го рекламира своето ново масло за тело од козметичката компанија „Кајли Скин“, па нагласи дека ова масло има и заштитен фактор.
За неколку часа собра скоро 8 милиони лајкови и голем број позитивни коментари од машки обожаватели, но и од припаднички на понежниот пол.
„О Боже, убава си“, „Најсексапилната личност“, „Не си во ред со тоа што ни го правиш“, „Брутално тело“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.