Поентата на животот е да дишеш…. не да се гушиш, посочи познатата македонска водителка, Јелена Спенџарска.
„Терапија на духот и телото. Ми дава страшно добра енергија, мислите ми се побистри, ме потсетува колку сум посилна и ментално и физички (иако понекогаш го заборавам тоа)
„Планината е моето бегство овие два дена и одма се чувствувам како друг човек.
Дрвјата ми даваат мир. Тие стојат најмирно меѓу сите растенија и поради тоа најдобро ја апсорбираат енергијата на земјата и универзалната сила од небото. Истото го прават и со енергијата што ја ослободуваме ние кога престојуваме во природа. Основната илустрација за јогин е човек како медитира под дрво и тоа не е случајно. И тоа се обидов да го направам и уживав како никогаш досега.
Бескрајно сум благодарна што го имам ова богатство на располагање. Овде се полнат батерии подобро од побрзо од било кој одмор. Нека ми стојат овие слики тука, чисто како потсетник дека треба почесто да доаѓам на терапија“, потенцираше Спенџарска.