(ФОТО) Јелена Јованова ја објави првата фотографија од нејзиното синче Јаков

Актерката Јелена Јованова пред еден месец стана мајка, а оваа вест ја изненади јавноста, со оглед дека речиси никој не знаеше дека таа воопшто е бремена.

Јованова својот приватен живот го чува само за најблиските, па затоа и привлекува големо внимание кога ќе сподели некој детаљ од него.

Имено, таа вчера првпат сподели фотографија на Инстаграм-стори од нејзиниот син Јаков и ги изненади своите следбеници.
JelenaИнаку, актерката се породи во Загреб по природен пат. Во 2015-та година се венчаше со хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кој се запознале на снимање на серијата „Тајни“.

Јелена Јованова кај нас е позната по улогата ‘Јелена од Драчево’, во популарната серија „Преспав“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e