Јелена Џоковиќ, сопругата на познатиот тенисер Новак Џоковиќ, му остави емотивна порака на својот сопруг по неговиот последен успех со освојувањето на турнирот во Дубаи:
– Секогаш со поглед кон врвот, а патот е стрмен, каллив, клизав но бескрајно интересен и со предизвик. Понекогаш можам само да те гледам и да навивам додека се искачуваш (бидејки на врвовите мораш да одиш сам, но со поддршка) но понекогаш те следам и уживам со тебе во погледот и убавината на височините. Најдобро од се е нашето заедничко време и тие спомени кои секогаш не зближуваат. Благодарна сум уште еден пат за освоениот врв, напиша на Инстаграм Јелена Џоковиќ откако објави и фотографија на која таа и Новак се на врв од планина.