Изабел Голарт на 14 години тргнала во водите на манекенството, а красела и многубројни насловни страници на светските магазини.
Бразилската манекенка Изабел неодамна го прославила својот 36-ти роденден, а може да се пофали и со титулата најубава жена на светот.
Поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“ често ја разгорува фантазијата на своите машки фанови преку разголените фотографии кои што ги споделува на социјалните мрежи.
Инаку, таа пораснала во предградието на Сао Паоло со своите четворица браќа и една сестра, а често во интервјуата истакнувала дека најтешка работа во кариерата ѝ е тоа што е далеку од кујната на својата мајка и што не може да се дружи со сестрата и браќата.
Иако денеска е една од најубавите жени на светот, таа немала лесно детство. Поради витката фигура другарите од училиште ја исмејувале и ја нарекувале „жирафа“.
Кога на 14 години со својата мајка била на фризер, фризерката ѝ предложила да заплива во манекенските води.
На 16 години таа потпишала за бразилската модна агенција „Success“.
Таа исто така красела многубројни насловни страници на списанија од светот и била ангел на „Викторија Сикрет“.
Изабел зборува португалски, англиски, француски јазик.