Македонскиот глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец, Игор Џамбазов кој на јавноста е познат уште од мал кога учествувал во телевизиската серија „Волшебното самарче”.
Игор Џамбазов од серијата „Волшебното самарче” сите го познаваат како малиот Трајче кој со коњот Дорчо оди во шумата да собира дрва и потоа да ги продава за да и помогне на својата мајка.
После 46 години Игор Џамбазов повторно се сретнува со коњот Дорчо, а таа средба во јавноста ја пренесе Илина и ја овековечи преку неколку фотографии.
„После 46 години повторна средба на Игор и Дорчо. Дорчо денес е сериозен коњ со сериозна работа… а, ние уметниците си останавме уметници“, напиша Илина во описот на фотографиите.