Канадската пејачка и една од најдобрите музичари во светот, Селин Дион (52), за Бадник објави ретка заедничка фотографија со нејзините три сина.
Имено, славната sвезда им даде ретка можност на обожавателите да видат како изгледа нејзиниот дом и нејзините три сина за Божиќ.
Пејачката објави фотографија на социјалната мрежа Фејсбук, на која позира пред новогодишната елка со своите синови во исти пижами.
– Нека овој празник ви донесе подароци, љубов, мир и добро здравје и ветување за посветли денови во Новата година што е пред нас – напишала Селин во објавата.
Пејачката на фотографијата позира со својот 19-годишен син Рене Чарлс и 10-годишните близнаци Нелсон и Еди. Сите три сина и ’се придружија на сцената на последното шоу во Лас Вегас во 2019 година, а Дион откри дека тоа е уникатно искуство.