(ФОТО) Хурем се породи и веднаш го откри полот и името на бебето

Турската актерка Мерием Узерли (37), која се прослави како Султан Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, се породи вчера, 8 јануари и го роди своето второ дете.

Актерката ја сподели среќната вест на Инстаграм, каде објави и фотографија на која позира со новороденче во рацете, а емотивната сцена ги разнежни сите.

Хурем доби ќерка, а фотографијата од породилиштето покажува дека девојчето веќе има косичка. Актерката истакна дека е пресреќна, а го откри и името на нејзината наследничка.

– Вчера, 8 јануари, драга моја Лили Кои … Лара, тато и јас сме среќни што те пречекуваме во нашето семејство. Благословени сме и среќни што ни се придружи – напиша убавата Мерием, а честитки следуваа во коментарите.

Да потсетиме, Меријам има ќерка Лара, која ја доби со нејзиниот поранешен партнер, брокерот Кан Атеш. Кога дознала дека е бремена, Кан ја оставил, по што доживеала нервен слом и се обидела да се самоубие скокајќи од балконот, по што завршила во психијатриската болница во Берлин.

Убавата Хурем тогаш целосно се повлече од јавниот живот, а потоа се опорави, се врати во актерството и се посвети на својот наследник. Со години живее со својата ќерка во Берлин.

Сега е среќна во љубовта и со нејзиниот партнер го доби и второто, и нивното прво дете заедно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e