(ФОТО) Хурем блеска од среќа заедно со своите две ќерки

Германската актерка со турско потекло, Меријем Узерли (37), која се прослави со улогата на Хурем во популарната серија „Сулејман Величествениот“, ги разнежни сите со семејната фотографија.

Убавата Хурем позираше со своите ќерки Лара и Лил Кои.

Меријем држи бебе во рацете, кое нежно го бакнува на некои фотографии, а нејзините обожаватели велат дека убавата Хурем по долго време изгледа посреќно од кога било, особено на фотографијата каде ги гушка своите наследнички.

Актерката снимките со своите ќерки ги објави на својот Инстаграм профил, а за само неколку часа имаше повеќе од половина милион лајкови на фотографиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e