Популарната холивудска актерка Хали Бери не престанува да воодушевува со својот изглед.
Имено таа на социјалните мрежи сподели фотографија на која позира топлес во кревет на брод, со кој, како што објасни во описот, плови со музичарот Ван Хант.
Убавата актерка и нејзиниот партнер со кого е неколку години во среќна врска, секој слободен миг го поминуваат заедно, патувајќи и полнејќи ги батериите.
Дури и стапалата им „патуваат“ заедно, како што истакна самата актерка во описот на една од објавените фотографии на својот инстаграм-профил.