Германската манекенка Хајди Клум (48) со години ја остава јавноста без здив со својот феноменален изглед.
Овој пат таа ги воодушеви фановите благодарение на жолтиот фустан со шлиц на целата лева страна, кој ја откри нејзината витка линија и долгите нозе.
„Ова е мојот омилен фустан“, напиша Хајди во описот на фотографијата.
Светло жолтиот фустан се протега сè до подот, а шлицот допира до горниот дел од грбот, преку колковите, со испреплетена лента, која не остави многу фантазија.