(ФОТО) Гавазова „Намазана“ се пробива на српската сцена

Откако и самата не го очекуваше токму толкав бомбастичен успех во соседна Србија со хитот “Хало” на српски јазик, за кој има и истоимен видео спот, атрактивната Сузана Гавазова, додека железото е жешко не ги испушта конците од рака. Таа сними нов спот за уште похитовска песна наречена како “Намазана” (“Намачкана”).

Gavazova-novo-foto-2-500x667

Спотот деновиве се снимаше во Белград со најдобрата екипа од “НН Медиа продукција”. Официјалната промоција ќе биде за десетина дена во Белград пред голем број влијателни медиуми, а ние ексклузивно ви ги донесуваме најновите вести за нашата пејачка која по се изгледа дека допрва ќе ја освојува и Босна и Херцеговина. За оваа песна “Намазана” со која Сузана ги поместува границите, таа со причина типува на тоа дека дефинитовно ќе ја освои официјалната српска фолк-топ листа. Музиката ја напиша Саша Диниќ, а текстот е на Ана Диниќ.

Gavazova-novo-foto-3-500x667

Во самиот спот Гавазова е ултра модерно облечена и нашминкана, еротски вкусно разголена, врочем како и секогаш провокативна. А, само за “Вечер” ни подарува и неколку ексклузивни фотографии од снимањето на “Намазана”. И ако Сузана со песните на српски јазик кои одлично и се прифатени, дури и од нејзините македонски фанови, таа не заборава да го освежи и својот македонски репертоар.

Gavazova-novo-foto-1-500x667

Тоа ќе се случи до овие Велигденски празници кога на музичкиот пазар вредната Сузе ќе објави две нови македонски новосоздадени песни. Пејачката вели и ако добро пее на српски јазик, како што сите на тоа и честитаат, помило и е кога пее на својот мајчин македонски јазик, а што е и разбирливо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e