Пејачот Здравко Чолиќ е познат по тоа што си ја сака приватноста и што многу внимателно ги чува сите детали за своето семејство, меѓутоа, неговата ќерка Уна е целосна спротивност.
Младата девојка има Инстаграм профил на кој ја следат 25.000 луѓе, а таа скоро секојдневно објавува нови фотографии.
Овие денови летото го поминува во Црна Гора, па фотографиите од неа во костим за капење го преплавија интернетот.
Здравко Чолиќ со сопругата Александра е во брак од 2001 година, а покрај Уна ја имаат и 13-годишната ќерка Лара.