Таа е една од најатрактивните пеачки на нашата естрада – Џесика Палашоска, а во моментов на естрадата е актуелна со песната “Слободна“. И навистина како да е слободна да си прави што си сака. На својот Инстаграм профил Џесика Палашоска сподели фотографии од одморот во далечниот Тајланд. Тоа значи дека и добро заработува штом парите ги троши на далечни топ-дестинации.
Истакнува дека најмногу на свет сака сонце, плажа, бикини, море, океан, природа, животни… А, на Тајланд што се однесува до животните, и тоа оние егзотичните, згодната Македонка спосака да се слика со вистински слон во тиркизните води на океанот. И таа и слонот уживаа и во сликањето и во капењето. Слонот како да ја почувствувал позитивната енергија со која зрачи Џесика, па си беше мирен и питом исполнувајќи и ги желбите на пејачката.
– Се доближив до овој земен рај, уживам во убавините што ни ги подарила мајката природа, коментира згодната пејачка, прилепчанка, од егзотичниот Тајланд.